Женската сениорска репрезентација на Црна Гора во иднина ќе остане без две важни ракометарки.
Станува збор за ракометарките Итана Грбиќ и Ивона Павичевиќ кои решија да ги завршат репрезентативните кариери.
Итана Грбиќ во дресот на репрезентацијата на Црна Гора настапи на 124 натпревари и постигна 196 голови, додека Ивона Павичевиќ настапи на 111 натпревари и постигна 160 голови.

(фото – Ракометна Федерација на Црна Гора)📷








