Екипата на Варда покрај играчкиот кадар продолжува да го задржува и стручниот штаб за следната сезона.
Кондицискиот тренер Матеј Јовановски го продолжи договорот со Вардар и ќе остане во клубот и следната сезона.
“Нашиот кондиционен тренер Матеј Јовановски и во наредната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Иван Чупиќ, откако низ текот на цела сезона прикажа сериозен процес на работа и унапредување на физичката подготвеност на играчите”, – објавија од Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








