Косуке Јасухира од идното лето ќе го носи дресот на Охрид, откако потпиша договор на две сезони!

Екипата на Охрид, која има високи амбиции за Супер лигата за идното лето договори ново засилување во своите редови, а тоа е Косуке Јасухира.

Иако управата на тимот на Охрид стори се за да го задржи и оваа сезона миленикот на охридската публика, сепак успеа тоа да го направи од сезоната 2027/2028. Косуке ќе игра за Охрид уште најмалку две сезони.

“Среќен сум што само по една сезона ќе се вратам во Клубот со кој го освоив првиот Европски трофеј. Рибари и охриѓани се гледаме за кратко и заедно ќе атакуваме по уште многу титули”, – изјави Косуке Јасухира.

(фото – ГРК Охрид)📷






Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *