Екипата на Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за сезоната 2026/2027 под водство на новиот тренер Лино Червар.
За подготовките и за новата сезона и предизвиците во сезоната 2026/2027 своја изјава имаше тренерот Лино Червар.
„Морам да кажам дека ми е чест да бидам тука и да го водам Еурофарм Пелистер. Тука ќе биде и крајот на мојата кариера. Мило ми е дека сум во мојата втора татковина. Знам кој е Пелистер, клуб со голема традиција уште кога го водев Умаг во првата југословенска лига играв против овој клуб. Ќе дадам се од себе за Пелистер да биде компетентен. Малку сум поинаков, па ќе работиме поинаку. Ќе биде игра за клубот да има свој имиџ, идентитет и препознатливост на теренот. Сите ние заедно, секој од нас мора да даде се. Јас како тренер морам да бидам пример, да се бориме како екипа и да се обидам да направам се што можам за клубот да биде успешен. Засега имаме три натпревари, еден ќе биде репрезентацијата на Катар, вториот е словенечка Крка и уште еден со прволигаш. Бргу ќе дојдат натпреварите од регионалната лига, па мора да внимаваме”, – изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Лино Червар.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








