Репрезентативката на Македонија, Марија Јанкуловска во новата сезона ќе има нов предизвик во ракометната кариера.
Ракометарката Марија Јанкуловска во новата сезона ќе настапува за екипата на Париз 92 од Франција.
Марија Јанкуловска настапува на позицијата лев бек и таа претходно го носеше дресот на Ѓорче Петров.
“Многу сум возбудена што се приклучувам на Париз 92 и што започнувам ова ново поглавје! Едвај чекам да се запознаам со сите и да започнеме. Се радувам на напорната работа, да растеме заедно и да постигнеме одлични работи како тим следната сезона. Се гледаме наскоро”, – изјави ракометарката Марија Јанкуловска.

(фото – ЖРК Париз 92)📷








