Чуварот на мрежата Марко Богдановски во наредните две сезони ќе биде меѓу стативите на Бутел Скопје и ќе формира голманско трио со Градимир Чаневски и Атанасиј Трсунов.
Богдановски доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две и пол години по трансферот од Аеродром, а во овој клуб бранеше од 2022 до 2024 година.
25-годишниот голман потекнува од редовите на Металург, а низ кариерата имаше настапи и за тимовите на Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷








