Репрезентативецот на Македонија, Мартин Томовски е избран во идеалниот тим на сезоната во Втората Бундес лига на Германија.
Голманот Мартин Томовски имаше одлични партии во дресот на Битигхајм и му обезбеди еден ранг погоре во Бундес лигата.
На 31 натпревар во Втората Бундес лига на Германија голманот Мартин Томовски собра 273 одбрани.

(фото – Рк Битигхајм)📷








