Мартин Ивановски потпиша за Охрид

Охриѓанецот Мартин Ивановски се враќа во својот матичен клуб. Македонскиот репрезентативец кој игра на позицијата среден бек потпиша договор со ГРК за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (182 цм) и ќе го носи дресот со број 34.

Мартин освен за својот матичен клуб, бележеше одлични настапи во дресот на Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2. Тие настапи го доведоа до место во македонската репрезентација.

“Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори. Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија и резултатите го покажуваат тоа и освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна. Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на едно уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси,” – изјави Мартин Ивановски.

(фото – ГРК Охрид)📷





Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *