Екипата на Металург РА забележа победа на гостувањето во Велес кај екипата на Борец со конечни 21-35 во плеј-аутот во Првата лига.
Металург РА од почетокот на натпреварот па се до крајот на натпреварот беше во водство, за на крај да слави со голема разлика кај Борец.
Најефикасен во составот на Металург РА беше Александар Петковски со девет погодоци, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Димитар Минов со шест погодоци.
(фото-Рк Металург РА)📷