Методи Младеновски потпиша прв професионален договор со Младост Богданци

Екипата на Младост Богданци, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата потпиша договор со ракометар од младите категории на овој клуб.

Станува збор за ракометарот Методи Младеновски, кој го потпиша првиот професионален договор со тимот на Младост Богданци.

Ракометарот Методи Младеновски настапува на позицијата лево крило и тој е кадетски репрезентативец на Македонија.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *