Екипата на Мулти Есенс го совлада тимот на Шампион со резултат 39-26 во натпревар од Првата лига.
Мулти Есенс од почетокот на натпреварот имаше водство, па на пауза замина со предност од 20-11. Второто полувреме беше само формалност екипата на Мулти Есенс да ја завери победата против Шампион.
Најефикасен во тимот на Мулти Есенс беше Тодор Узунчев со осум гола, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Александар Велјановски со седум гола.
(фото-Рк Мулти Есенс)📷