Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 10. коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата.

Судиската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид, додека делегати ќе бидат Марјан Огњановски и Душко Камишевски.

Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се одигра на 28 мај (четврток) со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *