Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции во лигата на Македонија го продолжи договорот со актуелен ракометар.
Станува збор за ракометарот Никола Митревски, кој потпиша нов договор на уште една сезона, со можност да биде продолжен за уште една сезона.
“Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








