Фан-зоната денеска ќе биде поставена на платото пред салата, токму пред главниот влез, каде што сите посетители ќе можат да бидат дел од јубилејната атмосфера уште пред првиот судиски свиреж.
Од 16:30 часот таму ќе започне загревањето за натпреварот, ќе почне прославата и ќе се собира црвено-црната енергија пред големото дерби меѓу Вардар и Алкалоид.
Натпреварот се игра од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“, а клубот ги повикува сите навивачи да дојдат порано и да бидат дел од овој посебен ден.
Во фан-зоната ќе има многу забава, подароци и наградни игри од спонзорите на клубот, како дополнување на славеничката атмосфера по повод 65 години од клубот.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








