Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на домашен терен против екипата на Вардар во рамки од плеј-офот од Супер лигата.
Од тимот на Охрид на социјалните мрежи објавија дека од утре (четврток) ќе бидат пуштени во продажба билетите за натпреварот со Вардар.
Натпреварот меѓу екипите на Охрид и Вардар ќе се одигра на 9 мај (сабота) со почеток од 18:00 часот во салата “Билјанини Извори”, во Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷








