Од 20 до 23 август 2026 година, Прилеп повторно ќе биде центарот на ракометните случувања и ќе ја продолжи традицијата на турнирот кој го носи името на еден од најдобрите прилепски ракометари – Миле Нешкоски.
Познати се екипите кои ќе учествуваат на овогодинешниот турнир, а тоа се покрај домаќинот Прилеп ќе учествуваат екипите на Бутел Скопје, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Младост 1977 Богданци.
“Наскоро ќе ги објавиме групите и распоредот на натпревари за турнирот “Миле Нешкоски””, – стои во објавата на турнирот “Миле Нешкоски”.

(фото – Фејсбук/Меморијален турнир “Миле Нешкоски”)📷








