Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) го одреди домаќинот и салата за двата баражи во машка и женска конкуренција.
Домаќин на двата баражи ќе бидат Прилеп и салата “Ристе Ристески – Ричко”, кои ќе се одиграат на 3 јуни (среда) со почеток од 17:00 часот и 20:00 часот.
Првиот натпревар од 17:00 часот ќе го играат екипите на Ѓорче Петров 2 и Пелистер, додека вториот натпревар ќе го играат екипите на Струга и Младост Богданци од 20:00 часот.
(фото – Архива)📷








