Во просториите на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Алборг и Барселона, додека во второто полуфинале ќе бидат екипите на Магдебург и Фуксе Берлин.
Ф4 турнирот ќе се одржи на 13 и 14 јуни во легендарната „Ланксес Арена“ во Келн (Германија).

(фото – ЕХФ)📷








