Ракометарот на Радовиш, Славјан Паунов реши да ја заврши ракометната кариера и оваа сезона да биде последна во неговата ракометна кариера.
Од екипата на Радовиш му подарија плакета на голманот Славјан Паунов и му се заблагодарија за досега направеното во тимот.
“Исто така, искажуваме искрена благодарност до Славјан Паунов за неговиот несебичен придонес кон клубот во изминатата деценија, како и за значајната улога во развојот и успесите на РК Радовиш”, – објавија од Рк Радовиш на социјалните мрежи.

(фото – Рк Радовиш)📷








