Екипата на Стружанка забележа висока победа против екипата на Шампион со убедливи 39-18 во Женската Прва лига.
Составот на Стружанка победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 18-8.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Еџе Сејадин со 18 погодоци, додека кај Шампион најефикасна беше Христина Трајанова со 5 погодоци.
(фото – ЖРК Стружанка)📷








