Екипата на Тинекс Пролет забележа победа против екипата на Радовиш со конечни 37-29 во плеј-аутот од Супер лигата.
Иако на полувреме беше нерешено со конечни 16-16, сепак составот на Тинекс Пролет во второто полувреме со добра игра стигна до победа против Радовиш.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Андреј Стојановски со осум гола, додека кај Радовиш најефикасни беа Васе Петров, Славе Јанковски, Филип Трајанов, Томче Трајчевски и Иванче Ончев со по четири гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








