Чаир победнички против Ѓорче Петров 2

Екипата на Чаир забележа висока победа против екипата на Ѓорче Петров 2 со убедливи 38-27 во Женската Супер лига.

Составот на Чаир го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави висока победа против Ѓорче Петров 2.

Најефикасна во редовите на Чаир беше Стефанија Ѓорѓиевска со 12 гола, додека кај Ѓорче Петров 2 најефикасна беше Марија Анчева со 8 гола.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *