Екипата на Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Пелистер со конечни 46-13 во Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со конечни 21-6.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со осум гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Еџе Сејадин со пет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








