Екипата на Струга забележа победа против екипата на Гевгелија Југ со минимални 26-25 во натпревар од Женската Прва лига.
Составот на Струга имаше контрола на играта, иако на крај беше неизвесно сепак победата остана за стружанки.
Најефикасна во редовите на Струга беше Елена Ѓонеска со осум гола, додека кај Гевгелија Југ најефикасни беа Нина Милевска и Нина Попова со по седум гола.
(фото – ЖРК Струга)📷








