Васко Димитровски ја заврши кариерата

Пригоден подарок и громогласни аплаузи за крајот на кариерата на Васко Димитровски.

Во својата 39-та година од животот, Васко Димитровски означи крај на кариерата по завршувањето на последните официјални натпревари од сезоната 2021/22.

Сепак, клубот за негово простување од активното играње ракомет подготви посебна церемонија во склоп на гала-вечерта на која беше претставен тимот.

Димитровски од претседателот Стерјев доби специјален подарок – врамен дрес со број 23, кој ги означува сезоните поминати во матичниот клуб.

Присутните во топлиот амбиент на „Gold Felicia“ со громогласен аплауз го наградија Димитровски. Од оваа сезона Васко Димитровски ќе работи како кондиционен тренер во Еурофарм Пелистер 2.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.