Средниот бек од Чешка, Томаш Бабак, го продолжи договорот со германскиот тим Бергишер до јуни, 2026 година.
Томаш Бабак во Бергишер одигра 221 меч и постигна 464 погодоци. Тој настапува и за репрезентацијата на Чешка.
„Бергишер продолжи да се развива во последните години и многу сум среќен што можам да продолжам да ве придружувам на овој пат и во годините што доаѓаат. Едноставно се чувствувам добро овде. Мојата сопруга и моето семејство се исто така многу среќни. Така, одлуката да продолжиме да го носиме дресот на Бергишер беше навистина многу лесно, и навистина се радувам на следните неколку години со Бергишер“, – изјави Томаш Бабак.

(фото – Рк Бергишер)📷