Селекцијата на Германија ја совлада Норвешка со резултат 28-24 во натпревар за 5. место на Светското првенство.
Германија од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза имаше предност од 15-12. Во второто полувреме Германија продолжи со добрата игра, за на крај да ја совлада Норвешка.
Најефикасен во селекцијата на Германија беше Хефнер со пет гола, додека кај селекцијата на Норвешка најефикасен беше Гулеруд со шест гола.
(фото – ИХФ)📷