Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа на гостувањето кај екипата на Мулти Есенс со резултат 30-29 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Мулти Есенс парираше во текот на целиот натпревар, но победата ја однесе тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Кристијан Симоноски со осум гола, додека кај Мулти Есенс најефикасен беше Давид Трајкоски со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








