Екипата на Скопје 2020 забележа победа против Струга со резултат 38-32 во 1. коло од плеј-аутот во Супер лигата.
Скопје 2020 добро го отвори натпреварот, па на полувреме имаше предност од 18-15. Во второто полувреме Скопје 2020 продолжи со водството, за на крај да ја совлада Струга.
Најефикасен во тимот на Скопје 2020 беше Леонид Киселовски со седум гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Петар Маркоски со девет гола.
(фото – Рк Скопје 2020)📷