Ракометарите на Младост Богданци со победа против Металург РА од 33-30 ја завршија сезоната во плеј-офот од Првата лига.
На полувреме резултатот беше 14-14. Во второто полувреме Младост Богданци имаше подобра игра, па така на крај славеше победа против Металург РА.
Најефикасни во тимот на Младост Богданци беа Димитар Пеев и Душан Каркалашев со по седум гола, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Дамјан Наумовски со 12 гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷