Никола Стоилевски, Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески и Милорад Кукоски се нови ракометари на Охрид

Екипата на Охрид за следната сезона ги претстави четирите македонски ракометари, кои за тимот ќе бидат огромни засилувања.

Тимот на Охрид потпиша договори со голманот Даниел Ѓорѓески, левото крило Гоце Ојлески, дефанзивецот Милорад Кукоски и десното крило Никола Стоилевски.

Ѓорѓески доаѓа од екипата на Будакалаш од Унгарија, а Ојлески и Кукоски од екипата на Еурофарм Пелистер, додека Стоилевски доаѓа од екипата на Еурофарм Пелистер 2.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.