Екипата на Мешков Брест го освои Супер Купот на Белорусија, откако во финалето ја совлада екипата на СКА Минск со 32-30.
Иако на полувреме СКА Минск имаше предност од 19-15, сепак Мешков Брест во второто полувреме направи пресврт и триумфираше.
МВП односно за најдобар играч на натпреварот беше екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Невен Степјановиќ, кој имаше седум гола.

(фото – Рк Мешков Брест)📷