Екипата на Спартак го доби натпреварот против Деспина со резултат 24-22 во натпревар од Женската Супер лига.
Иако на пауза беше реми со 9-9, сепак во финишот од натпреварот Спартак успеа да направи предност и да слави победа.
Најефикасна во редовите на Спартак беше Мила Мемов со пет гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Мери Гичева со 13 гола.
(фото – ЖРК Спартак)📷