Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа сигурна победа против екипата на Скопје 2020 со 39-22 во плеј-аутот од Супер лигата.
Составот на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така немаше проблеми околу победата против Скопје 2020.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Богдан Мијушковиќ со осум гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасни беа Марио Мишевски и Дамјан Јакимовски со по четири гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷