Вардар Неготино го совлада Мулти Есенс

Екипата на Вардар Неготино забележа победа против екипата на Мулти Есенс со резултат 32-26 во плеј-аутот од Супер лигата.

Тимот на Вардар Неготино и на полувреме имаше предност од 16-13. Во второто полувреме Вардар Неготино продолжи со водството, па на крај да слави победа против Мулти Есенс.

Најефикасен во редовите на Вардар Неготино беше Петар Бугариновиќ со 12 погодоци, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасен беше Димитар Узунчев со 7 погодоци.

(фото – Рк Вардар Неготино)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.