Екипата на Еурофарм Пелистер 2 продолжува со победите во Првата лига, откако на домашен терен славеше убедливо против Астраион со резултат 41-14.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 18-7.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Христијан Митревски и Дамјан Наумовски со по шест гола, додека кај Астраион најефикасен беше Христијан Ефтимов со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷