На 20 септември 2025 година, со почеток во 11:30 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одржи настан под мотото: „Ракометот е тука – дали си подготвен?“.
Специјални гости на настанот ќе бидат: Филип Миркуловски, Индира Кастратовиќ и Елена Ѓорѓиевска.
Главна цел на Ракометниот караван е промоција на нашиот национален спорт низ целата територија на нашата земја. Караванот има за задача да ги доближи вредностите на ракометот до најшироката публика, да создаде нови генерации љубители на спортот и да ја поттикне активната вклученост во спортските активности.

(фото – РФМ)📷