Селекторот на женската сениорска репрезентација Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за меѓународен турнир во Турција.
Меѓународниот турнир ќе се одржи во Анкара, Турција во период од 04.12.2025 година до 08.12.2025 година, а нашите ракометарки ќе одиграат средби против сениорските селекции на Словачка, Словенија и Турција.
На списокот повикани се 20 ракометарки. Собирот ќе се одржи на 28.11.2025 година (петок) во хотел Ангро – Кавадарци во 12:00 часот.

https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2025/11/spisok-seniorki.pdf
(фото – РФМ)📷








