Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за 5. коло од групната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.
Судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Скандерборг Архус и Гранољерс.
Натпреварот меѓу екипите на Скандерборг Архус и Гранољерс ќе се игра на 25 ноември во вторник со почеток од 18:45 часот во Данска.
(фото – Архива)📷








