Бобан Поповски е нов ракометар на Вардар

Вардар потпиша долгогодишен договор со еден од најперспективните млади ракометари во својата генерација, Бобан Поповски, играч кој и покрај младата возраст зад себе веќе има богато искуство и индивидуални и екипни успеси.

Поповски ги направи првите ракометни чекори во екипата на Преспа, по што следуваше развоен период во Алкалоид, каде настапуваше за младинските и кадетските селекции.

Во актуелната сезона тој е дел од Мулти Есенс, настапувајќи за првата екипа во Првата лига, но и како стандарден член на младинскиот и кадетскиот состав.

На репрезентативно ниво, Поповски е кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Особено се истакна на квалификациите за кадетското европско првенство, каде беше најдобар стрелец, потврдувајќи го својот голгетерски инстинкт и лидерски потенцијал.

Во досегашната кариера има освоено трофеј во пионерската лига, како и во кадетската лига, а во 2024 година беше прогласен за МВП на пионерскиот Ф4 турнир. Минатата сезона беше дел од Ол-стар тимот на кадетскиот Ф4, а има и трофеј во младинската лига, што дополнително го потврдува неговиот континуиран напредок.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *