Машката сениорска репрезентација на Македонија одигра нерешено против селекцијата на Португалија со конечни 29-29 на ЕП 2026 година.
На полувреме водство имаше Португалија од 15-13. Во второто полувреме Португалија пак го имаше водството, но Македонија се врати за на крај натпреварот заврши нерешено.
Најефикасни во редовите на Македонија беа Филип Кузмановски со 15 погодоци, додека Мартин Велковски и Павле Атанасијевиќ имаа по четири погодоци.

(фото – РФМ)📷








