Анастасија Николовска, Сара Цветановска, Слободанка Кицеска, Ива Божиноска и Сузана Зечевиќ го засилуваат тимот на Спартак

Екипата на Спартак, која има високи амбиции во Женската Супер лига се засили со пет ракометарки за продолжението од сезоната 2025/2026.

Станува збор за ракометарките Анастасија Николовска, Сара Цветановска, Слободанка Кицеска, Ива Божиноска и Сузана Зечевиќ кои доаѓаат од Металург Автокоманда.

Анастасија Николовска настапува на позицијата лево крило, Сара Цветановска на позицијата пикер, Слободанка Кицеска на голманската позиција, Ива Божиноска на позицијата среден бек и Сузана Зечевиќ на позицијата лев бек.

(фото – ЖРК Спартак)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *