Екипата на Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона што ќе продолжи во текот на следниот месец.
За нов тренер беше именуван доскорешниот ракометар во тимот, Доне Мајнов, кој ќе го води тимот во наредниот период најпрвин во преостанатите рунди од Супер лигата, а потоа и во плеј-аут натпреварувањето.
Во меѓувреме, во текот на паузата редовите на Тинекс Пролет ги напуштија Марко Мишевски, Стефан Јовевски и Марко Трајковски.
“Клубот им се заблагодарува за придонесот на натпреварите што ги минаа во дресот на Тинекс Пролет и им посакува многу среќа во следните ангажмани”, – објавија од Рк Тинекс Пролет.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








