Вардар гостува во Хрватска, црвено-црните на силниот турнир „Лабин Ракометен Куп 2026“, во градот Лабин.
Вардар на крајот од јануари ќе одигра важен меѓународен турнир во Хрватска, каде што ќе настапи на четвртото издание на „Лабин Ракометен Куп 2026“ во Лабин.
Турнирот ќе се игра на 30 и 31 јануари и ќе собере сериозни имиња од регионалниот ракомет.
Вардар својот полуфинален натпревар ќе го одигра на 30 јануари од 18 часот против словенечкиот тим Слован Љубљана. Во второто полуфинале, од 20:15 часот, ќе се сретнат хрватските екипи Загреб и Сесвете.
Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 31 јануари од 20:15 часот, додека поразените тимови истиот ден од 18:00 часот ќе разигруваат за третото место.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








