Екипата на Алкалоид, која има високи амбиции за продолжението од сезоната во Супер лигата се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Филип Николов, кој доаѓа од редовите на Бутел Скопје и настапува на позицијата десен бек.
“Му посакуваме добредојде на десниот бек Филип Николов (26) кој доаѓа да ја засили конкуренцијата во тимот во двата правци. Последните сезони македонскиот ракометар ги мина во РК Бутел Скопје. Николов потекнува од Велес, а покрај за Бутел Скопје во својата ракометна кариера настапуваше и за РК Радовиш и РК Охрид”, – објавија од Рк Алкалоид на социјалните мрежи.
(фото – Рк Алкалоид)📷











