Ласко Андоновски: Струга никако не смее да биде потценета

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со натпреварите во Супер-лигата, оставајќи го зад себе поразот од Алкалоид и целосно вртејќи го погледот кон домашна пресметка со Струга.

Противникот моментно е претпоследен на табелата во Супер лигата, но тоа не го менува фактот дека Тинекс Пролет ќе мора максимално сериозно да влезе во мечот, да ги одигра сите 60 минути на високо ниво ако сака да се пласира во следната рунда.

„Стружани се блиску до дното на табелата, но никако не смеат да бидат потценети. На нас е да одиграме онака како што знаеме, да одговориме на она што тренерот ќе го побара од играчите на двете страни од теренот, бидејќи тоа е единствениот начин на кој можеме да стигнеме до победата“, – изјави ракометарот на Тинекс Пролет, Ласко Андоновски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *