Екипата на Алкалоид забележа висока победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 36-22 во 20. коло од Супер лигата.
Тимот на Алкалоид во текот на целиот натпревар имаше високо водство за на крај да обезбеди сигурна победа против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Ненад Костески со осум гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Мохамед Азиз со седум гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷








