Екипата на Стружанка забележа висока победа против екипата на Јехона во Женската Прва лига со конечни 36-11.
Составот на Стружанка во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај лесно да се справи со тимот на Јехона.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Еџе Сејадин со 15 гола, додека кај Јехона најефикасни беа Алтина Хасани и Бленда Абдулаји со по три гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷








