Словачка е противник на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство 2027 година во Германија.
Првиот натпревар ќе се одигра на 13/14 мај 2026 година во Словачка, додека реваншот е закажан за 17 мај 2026 година во Македонија.
Победникот од двомечот ќе обезбеди пласман на Светското првенство 2027 година, кое ќе се одржи во Германија, во периодот од 13 до 31 јануари 2027 година.

(фото – РФМ)📷








