Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Охрид со конечни 31-21 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Составот на Вардар одигра добар натпревар, па на крај да слави победа против комбинираниот состав на Охрид.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Урош Митровиќ со шест гола, додека кај Охрид најефикасен беше Дејан Кукуловски со седум гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








